На Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминатите 24 часа примени се 5 нови пациенти, со што во моментов вкупно таму се хоспитализирани 52 лица. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, а 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно таму се хоспитализирани 28 лица. Од нив со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина се вкупно 6.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8.

Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти.

На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на ковид -19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.