Повеќе од 1,3 милиони лекари ширум светот се заразени со новиот коронавирус, соопшти Светската здравствена организација.

Досега, околу 10 проценти од сите случаи на Ковид-19 во светот се меѓу медицинските работници, нагласи шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на денешната прес-конференција во Женева.

Според организацијата, во светот има 13,4 милиони инфекции.

Лекарите и медицинските сестри не само што го ставаат во опасност својот живот, туку многу од нив исто така доживуваат физичко и психичко исцрпување од исклучително стресната работа за време на пандемијата, рече Тедрос.

Сите ние им должиме многу на здравствените работници, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.