Нови десет заболени пациенти од морбили се хоспитализирани на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница. Портпаролот на Клиничка болница, Марина Шуманска потврдува дека до вчерашниот ден на оваа одделение имаат десет пациенти, кои се лекуваат од морбили.

Меѓу пациентите има и текстилни работнички од една штипска конфекција, за кои Шуманска не потврдува, но вели дека тие не прават разлика меѓу пациентите и не знаат дали се поврзани едни со други.

Последните неколку дена имаме хоспитализирано шест нови пациенти со морбили и со постојните четири бројот на хоспитализирани е десет. Двајца пациенти се лекуваат во домашни услови – изјави Шуманска.

Пред девет дена во Штипската болница заврши и шестчлено семејство од Карбинци, кои биле заразени од морбили. Во Штипскиот регион досега се регистрирани 20 пациенти, кои се заболени од морбили и тоа од почетокот на заразата во февруари, кога првиот пациент беше двегодишно дете.

Во тек е уписот на првачињата, а од штипските училишта забележуваат дека ги почитуваат дадените насоки од министерствата за образование и здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.