Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи со Ковид-19, од кои седум во Скопје и по еден во Прилеп, Тетово и Струга. Пријавени се две починати лица од: Гостивар (67г) и Тетово (62г) починати во болнички услови. Регистрирани сe 16 оздравени пациенти од кои десет од Тетово, Скопје и Гостивар по двајца и од Прилеп и Штип по еден, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 2.473 тестови преку: ИЈЗ-26, ЦЈЗ Скопје-21, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–18, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-58, Биотек-56, Систина-62, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-447, ВФВ Медикал-19, Ели Медика-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1662.

Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.086 бројката на оздравени пациенти е 150.295, на починати е 5.491, а на активни случаи изнесува 300.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови:

Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68811, Активни 108
Куманово 8913, Активни 32
Прилеп 8335, Активни 7
Тетово 7378, Активни 87
Битола 6311, Активни 1
Велес 5478, Активни 4
Гостивар 5204, Активни 18
Кавадарци 5156, Активни 1
Охрид 5025, Активни 6
Штип 4964, Активни 3
Струмица 4130, Активни 5
Струга 2986, Активни 5
Кочани 2796, Активни 4
Кичево 2607, Активни 8
Гевгелија 2196, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1526, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1162, Активни 1
Берово 1032, Активни 0
Делчево 974, Активни 1
Дебар 949, Активни 7
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0. рп/лв/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.