Министерството за здравство информира дека денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата.

Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Оттаму најавуваат дека утре се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Астра Зенека.

Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.