Крешимир Павелиќ, декан на Медицинскиот факултет во Пула, е сменет од функцијата, откако неговиот најнов антиваксерски настап беше остро критикуван во јавноста. Павелиќ вчера беше остро критикуван во хрватските медиуми за уште еден во низата настапи против вакцинацијата.

Според хрватскиот портал „Индекс“, Павелиќ го објавил својот најнов антиваксерски памфлет на 17 јуни на тркалезна маса на партијата „Да ја промениме Хрватска“, со наслов „Коронавирус – време е за вистината“.

Заедничко за сите учесници на тркалезната маса биле нивните идеи кои го оспоруваат или доведуваат во прашање она што го потврдуваат стотици релевантни научни истражувања, и врз основа на нив да ги критикуваат преземените чекори од властите ширум светот – од мерките против ширењето на пандемијата до процесот за вакцинизација, пишуваат хрватските медиуми.

Вчера и хрватскиот министер за наука Радован Фукс го осуди настапот на Павелиќ, велејќи дека има издржани контрааргументи за секој аргумент на Павелиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.