Шведската влада нема да ја препорачува вакцината против коронавирусот на младите од 18 години.

Децата вирусот го пренесуваат на ограничен начин така што вакцината не им е потребна, сметаат шведските експерти.

Од друга страна, здравствените власти на Шведска препорачуваат вакцина на возрасните лица, посебно на оние кои се чувствителна група и постари, пренесува Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог Андрес Тегнел објаснил дека Шведска функционира по принципот доброволни вакцини, а така било и за време на минатите пандемии кога биле вакцинирани голем број луѓе.

Веројатно сме имале најголем процент на вакцинирани на светот. На почетокот нема да биде најрелевантно да се вакцинираат дека, туку оние кои се ризична група – постарите и оние кои работат со нив, рекол Тегнел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.