Она поле на кое што треба ние интензивно да работиме се децата, коишто го сменија начинот на живот и имаа проблем со тоа дека им прекина дружбата. Децата измината година го сменија животот, беа сами, во страв, цело време учеа онлјан, сега ќе треба да се ресоцијализраат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче кој учествуваше на отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од страна на Црвен Крст.

Децата сега ќе треба да се ресоцијализираат и тоа бара еден поинаков пристап, бара луѓе коишто ќе бидат на терен, присутни, спремни и едуцирани да ги препознаат тие проблеми за да можат да им излезат во пресрет, рече Филипче.

Тој кажа дека е инициран заеднички проект со  колеги од Србија, а и директорот на Клиниката за психијатрија д-р Стојан Бајрактаров веќе е во контакт и со УНИЦЕФ, кои ја потврдиле нивната заинтересираност.

Тоа значи подигање на нивото на знаењето и тренинг кај  псиолозите во училиштата конкретно во делот на препознавање на предизвиците во делот на психолошкото здравје на најмладите коишто измината година беа сами, во страв, цело време учеа онлјан. Има повеќе предизвици коишто сега ќе треба да изменаџираат, да се врати дружбата. Во таа смила е и овој центар, нешто што е многу потребно. Црвениот крст покажа дека има капацитет да аутсорсира многу работи коишто на нас посебно во здравствениот сектор ни беа многу потребни – во волонтерството, ковид-центрите, вакциналните пунктови, рече Филипче.

Филипче кажа дека една студија која ја работел универзитетот „Харвард“ со „Нордвестерн“ и уште неколку универзитети во САД покажала дека состојбата со менталното здравје се уште не е така како што треба да биде, односно дека кризата оставила последици.

Сите елементи, нотирани кај учесниците во истражувањето, како пролбеми во менталното здравје, во делот на анксиозноста, стравот, се уште траат. Ова е полето на кое треба многу интензивно да се работи по завршување на кризата. Таа здравствена криза никој не ја очекуваше и една од најголемите карактеристи беше што требаше да бидеме раздовени, што е сосема спротивно на нешто што не учи еволуцијата, на социјализација. Посебно требаше да бидеме разводени кога некој е ставен во изолација, и како додаток на се е стравот којшто не може да сподели, што е уште еден дополнителен проблем.

Затоа мислам дека Клиниката за психијатрија, со вработените психијатри, психолози, посебно во делот на децата направи еден добар модел со отворање на онлајн консултации, на чело со директорот д-р Бајрактаров, потоа д-р Дурмиши, другите детски психијатри. Тие работена посветено и интензивно, практично цело деноноќие, бидејќи телефонски повици се примаа цело време, изјави Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.