Во Данска на граѓаните кои примиле две различни дози вакцина против ковид 19 ќе им биде понудена и трета доза за да им биде признат статусот на вакцинирано лице надвор од шенген-зоната, каде на сила се различни законски здравствени прописи.

Причината за ваквиот потег на Министерстовто за здравство во Данска што неколку држави надвор од ЕУ и шенген-зоната при влез во земјите на лицата кои се вакцинирани со различити вакцини не им се признава дека имунизацијата им е комплетна. Ови прописи можат да им предизвикаат проблеми на околу 150.000 дански државјани при патувањата. Данските медиуми наведуваат пример како лице од Тајланд кое живее во Данска дека не може да ги посети своите родители, бидејќи во оваа земја не може да влезе поради в акцинацијата со две дози различни вкацини, па мора да оди во карантин.

Во Данска вкупно 151.335 лица, главно здравствени работници на почетокот од имунизацијата имаат примено вакцина АстраЗенека, но потоа оваа вакцина е тргната од програмата за имунизацијја во Данска поради загриженоста дека може да предизвика згрудчување на крвта. Поради тоа ови граѓани ревакцинација со втора доза направиле со вакцините на Фајзер/Бионтек или Модерна. Сега како трета доза повторно би требало да примат Фајзер/Бионтек или Модрена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.