„Само со изготвување на национална стратегија за менаџирање со биолошки закани и детални акциски планови (конкретни задачи) на сите нивоа – индивидуално (секој граѓанин), секоја установа (фабрика, претпријатие, училиште итн.), општинско, регионално и државно, ќе може да се пречека и сузбие секоја идна (многу веројатна) масовна закана по здравјето на граѓаните“, пишува проф. д-р Драган Даниловски за „Доктори“.

„За да не бидеме затечени, прв приоритет на државатa мора да биде воспоставување на систем за брзо реагирање, со веќе разработени акциски планови за промптно активирање на сите релевантни „играчи“.

Тука најважна улога мора да има системот на јавното здравје (public health) – мрежата на превентивно-медицински установи! Тоа подразбира унапредување на регионалните центри за јавно здравје (10 на број) и Институтот за јавно здравје“, истакнува Даниловски.

Целата колумна на следниот линк!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.