Олабавувањето на мерките е логична последица на олабавувањето на епидемијата. Тоа следи откако веќе од половината на април имаме епидемиска крива со стабилно плато. Значи, не врв, туку плато, вели за „Мета.мк“ епидемиологот Драган Даниловски.

Зошто плато? Затоа што тоа и беше идејата на спроведување на мерките: да се израмни (растегне) епидемиската крива во што подолг период. Зошто? За да се јавуваат што помалку пациенти на дневна основа, а со тоа да не се дозволи пречекорување на капацитетот на здравствениот систем. И тоа е постигнато – вели Даниловски.

На прашањето, дали порелаксираното однесување на граѓаните ќе има неповолно влијание на текот на епидемијата, тој вели дека не би требало да има проблем ако секој граѓанин ги почитува мерките на лична заштита.

Добивајте вести на Viber

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.