Откако започна вакцинацијата главното прашање што се поставува е дали оние што го прележале вирусот ковид 19, треба да „побрзаат“ при примањето на вакцината?

Националната служба за јавно здравје на Велика Британија ги советува дури и оние кои ја поминале короната да ја примат вакцината.

Дури и ако веќе сте имале коронавирус, сепак треба да ја примите вакцината. Ќе го намали ризикот од друга инфекција и сериозноста на симптомите ако повторно добиете вирус, велат научниците.

Кога е вистинското време да се направи вакцината?

Ако неодамна сте биле позитивни на тест за коронавирус, дури и асимптоматски, треба да почекате најмалку 4 недели по датумот на тестот пред да ја добиете вакцината, рекоа тие, додавајќи дека тоа е најдобра заштита од корона вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.