Дали се доволни 14 дена за создавање имунитет против корона вирус, по примена вакцина? Ова прашање ги мачи поголем број од граѓаните. Во групата Ковид 19, совети и искуства, беше поставено прашањето:

Конкретно за вакцината астразенека како е определен тој период на заштита после 3 недели од првата доза, дали и пред тој период (да речеме 14 дена) лицето има каква таква заштита од вирусот со оглед на тоа што вакцината дала некаква имуна реакција непосредно после вакцинирање? Да бидам по прецизен дали имаме било каков имунитет и пред тие 3 недели што барем ќе не заштити од тешка инфекција и болница па и смрт недај боже?

На ова прашање одговор даде проф. д-р Никола Пановски, редовен професор, област микробиологија со паразитологија.

Индивидуално е, некој создава повеќе и побрзо, особено помладите, некој побавно и помалку. Се зема некој просек дека по 14 дена има доволно заштитни антитела, но посигурно по 21 ден, и најсигурно 14 денови по втората доза. Ова го знам пред се за Фајзер од сопствени домашни искуства на околу 200 здравствени работници кај кои е во тек студија за следење на неутрализирачки антитела.

Тој додава дека ​околу 60 здравствени работници добиле ковид по првата доза.

Начелно, особено кај оние кои заболеа по 10 дена од првата доза, поминаа лесно. Неофицијално, никој не завршил во болница. Слични податоци се очекуваат за АЗ и С5, кинеските подоцна создаваат имунитет, некаде 6 недели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.