Вакцината Спутник Лајт покажала висока ефикасност во комбинација со вакцините Астра Зенека, Синофарм и Модерна, покажало истражување во Аргентина, соопштила пред-службата на Рускиот фонд за директни инвестиции.

Податоците кои ги добило Министерството за здравство во провинцијата Буенос Аирес покажуваат дека комбинацијата на Спутник Лајт со другите вакцини и вакцинацијата со само две дози од Спутник Лајт е безбедна. Не постојат сериозни нуспојави поврзани со вакцинацијата. Сите комбинации кои се користени во текот на истражувањето се безбедни“, се наведува во соопштението.

Моментално во провинцијата Буенос Аирес анализирани се податоци добиени по вакцинација на 121 доброволец кои ги примиле следните комбинации на вакцина: Спутник Лајт и Астра Зенека, потоа Спутник Лајт и Модерна, Спутник Лајт и Синофарм, како и две дози од Спутник Лајт.

„Рускиот фонд за директни инвестиции им предложил на другите произведувачи партнерство за изведување на заедничко истражување на комбинирана примена на вакцините.

Таквиот пристап има најголема перспектива во борбата против пандемијата, вклучувајќи ги и новите соеви на коронавирусот кои настануваат низ целиот свет“, изјавил директорот на фондот Кирил Дмитријев.

Вакцината Спутник Лајт може ефикасно да се користи и во комбинација со другите вакцини, што го потврдило истражувањето во Аргентина, но и во други држави“, додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.