Епидемиологот Предраг Кон од Кризниот штаб на Србија вели дека од почетокот на вакцинацијата во Србија е забележан само еден случај на тромбоза и бесмислено е тој еден случај да се споредува со бројот на луе кои умираат од корона во земјата.

Кога бирате вакцина, избирате живот, вели Кон.

Прашан дали вакцина која се базира на мртов вирус може да го зарази лицето кое ќе ја прими, Кон вели дека е невозможно и дека вирусот не може да оживее ако е веќе уништен.

Тоа е исто како да ме прашувате дали некој може да оживее мртов човек, вели Кон.

За вакцинација на трудници, Кон вели дека некои лекари препорачуваат, но државата не може да застане зад тоа, зашто нема доволно податоци.

Ако некој прими, ја презема одговорноста целосно, самата трудница и лекарот кој препорачал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.