Здружението „Без Глутен“ објави статус на Фејсбук во кој ја објаснува состојбата со која се соочуваат граѓаните кои поради своето здравје, мора преку храната да го примаат својот лек.

Од здржението објаснуваат дека храната што ја купуваат овде и во Германија, цената е иста, но според нив навистина е жално што платите се различни.

Тие потенцираат дека Фондот за Здраствено осигурување го покачил единствениот лек – брашното што го земаат на рецепт (на приватно може да се купи и е 280 денари – 1кг.) и бил 75 денари – 1кг., од 17.01.2020 цената станува правосилна и е 106,6729 денари.

Прашуваат:

Дали ФЗО не праша НАС засегнатите дали можеме да си ја дозволиме оваа цена?

Дали ФЗО треба да се полни на товар на болните луѓе?

Зошто никој не се огласи после оваа донесена одлука?

Минимална плата – 30кг брашно = 14.500 – 3200,19?, заклучуваат од здружението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.