Денеска се изборите за раководство на Лекарската комора. Избори проследени со скандали, притисоци, уцени и закани небаре се парламентарни. Целта на скандалите што низ кои се принудени да минуваат белите мантили, како што тврдат извори на Република, е да се реизбере актуелна претседателка на Лекарската комора на Македонија, Калина Гривчева-Старделова.

Денеска, на денот на гласањето, лекарите објавија гласачко ливче, кое е обележано. Всушност, на гласачкото ливче и на кочанот има сериски број, што не треба да биде. Сериски број треба да содржи само кочанот, а гласачкото ливче не треба да биде обележано на ниту еден начин. Затоа лекарите бараат нова изборна комисија и прегласување.

Ова го нема ни во Буркина Фасо. Лекарската комора на Северџанија не третира како неписмени идиоти. Знаат што прават. Обележани гласачки ливчиња. Нова изборна комисија под итно, пишува лекарот кој го објави гласачкото ливче.

Со оглед на тоа што на овие избори има малку гласачи, на некои кутии и по десетина или стотина, лекарите стравуваат дека многу лесно ќе се знае кој за кого гласал.

Вчера, очигледно ден пред гласањето објавивме соопштение на кое, без да се наведе ден и час, пишуваше дека лекарите се упатуваат да гласаат на изборите за ново раководство на Лекарската комора во Библиотеката на Клиниката каде што директорива Старделова, која е кандидат на изборите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.