Близнаци од два месеца болни од ковид-19 се на кислородна поддршка во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле во Скопје, изјави за СДК.МК директорот д-р Бесник Зеќири.

Вкупно 22 деца на возраст од 2 месеца до 16 години позитивни на ковид се лекуваат во Козле, кој е единствен Ковид-центар за деца во земјава и има капацитет од 40 места, вели директорот д-р Бесник Зеќири. Осумдесет отсто од децата кои лежат се на школска возраст, од 9-16 години. Најмлади пациенти на кислородна поддршка се близначиња од 2 месеца, кои биле лекувани во домашни услови со несоодветна терапија.

Д-р Зеќири вели дека бројката на пациенти кои се на кислородна поддршка е мала и постојано се менува, оти станува збор за пациенти кои примаат ваква терапија веднаш по хоспитализирањето, и за ден-два ситуацијата им се подобрува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.