Лекарите постојано им укажуваат на граѓаните дека мора да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, но за жал, многумина се уште веруваат во теории на заговор, рече директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ на Топ тема. Докторката откри и неверојатен случај кој го имале на Инфективна.

Ние само пред неколку дена имавме случај кога еден член од семејство починува во болница, а другите членови на неговото семејство и понатаму не веруваат дека е тоа ковид-19 и дека е тоа нешто за што не се водело грижа и внимание, рече Стевановиќ.

Таа смета дека веројатно секогаш ќе има извесен број на популација која нема да верува дека вирусот постои и на кои полесно ќе им биде да веруваат во заговори и да го негираат она што го кажуваат здравствените власти и професионалците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.