Најмалиот пациент беше четири месечно бебе, третманот и следењето беше водено со секојдневни консултации со колешката Ана Стаматова, педијатар, која посветено доаѓаше секое утро и ја следеше. Оваа убавица замина дома здрава и насмеана. Најстариот пациент е наша миленичка на 94 годишна возраст за која го очекуваме контролниот брис за ковид-19 и да ја отпуштиме, на наша радост и радост на нејзиното семејство, вели во интервју за „24инфо“, д-р Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника во Скопје.

За време на оваа пандемија видовме многу болка и големи семејни трагедии, кога скоро цели семејства беа хоспитализирани и многумина од нив ја изгубија битката со КОВИД, мислам дека нема потешко од тоа. Но, секако и повеќе члена од семејството да заминат здрави од нашата болница. Радоста за секој направен испис е голема, вели д-р Стевановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.