Досега неколку пати сме зборувале и ставот, којшто е прифатен во светот, е дека и граѓаните коишто ја имаат прележано болеста, треба да се вакцинираат, изјави директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски за ТВ 24.

Нема дилема дека помината болест остава имунитет и тој имунитет трае скоро шест месеци, но е варијабилен и од човек до човек не се создава иста количина на антитела и иста активација на клеточниот имунитет. Од тие причини, се предлага да се оди и со вакцинација која ќе го засили и униформно ќе го стимулира имунитетот кај граѓаните кои имаат прележано ковид, вели тој.

Како што вели д-р Петличковски, се препорачува вакцинација и на оние кои прележале, но не се советува анализирање на антитела бидејќи ја нема таа бројка, таа концентрација на антитела која би претставувала контраиндикација за вакцинација.

Количината на антителата не игра улога во препораката за вакцинирање, туку повеќе игра улога времето кога е помината вакцинацијата. Терминот којшто се советува да се запази после помината болест е до шест месеци. Во рамките на овие шест месеци, се препорачува вакцина и на луѓето кои ја поминале болеста, објаснува д-р Петличковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.