Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија и хумана генетика, вели дека имунитетот по прележувањето на ковид-19 на почетокот е висок, но со време се намалува со што се зголемува ризокот од реинфекција.

Ризикот од повторно зарзување со ковид-19 е многу низок неколку месеци по прележување на болеста, но се зголемува како одминува времето. Ако ризикот за реинфекција изнесува помалку од 5 отсто во првите 4 месеци по прележување на болест, 17 месеци по прележувањето тој пораснува до 50%. При тоа, ризикот кај луѓето кои ја прележале болеста, а не се вакцинирале е околу 2 пати поголем од ризикот за оние кои примиле вакцина по прележување на болеста – за Плусинфо изјави д-р Петличковски.

Треба да се прави разлика меѓу позитивните случаи без симптоми и заболените од ковид-19.

Треба да имаме во предвид дека е многу веројатно луѓе кои се веќе имунизирани да дојдат во контакт со вирусот и да бидат позитивни ако им се направи тест, но тие воопшто нема да развијат симптоми и реално нема да се разболат по втор пат – додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.