Вакцините се одлично решение за излез од кризата, зошто народот не ги прифаќа – не ми е јасно, изјави во Студио 10 на ТВ24 д-р Александар Петличковски, директор на Интитутот за имунибиологија во Скопје.
Според него, недостасува систематска информираност на населението , за да фатиме чекор со другите земји каде веќе прогласуваат крај на пандемијата.
Со две дози во Македонија има околу 33% комплетно вакцинирани граѓани. Вакцините функционираат одлично во намалување на шансите за тешка болест. Потврдено е на милиони случаи, потврдено е и кај нас. Околу 90% од починатите кај нас во последните месец два се невакцинирани. Поубедлив доказ од ова – не знам што би било. Шансите вакциниран човек да се разболи се мали, а шансите вакциниран човек да почине се минимални. Доцна ги добивме вакцините, можеби не бевме подготвени и со презентација на придобивките од вакцините, рече д-р Петличковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.