Луѓето кои имаат прележано болест и добијат една доза на вакцина, постигнуваат дури и подобар имунитет од луѓето кои немаат прележано болест, а ќе се вакцинираат со две дози на вакцина. По вакцина, можно е човек да се зарази, но гарантирано е дека неговата болест нема да има сериозен тек, вели во разговор за „Локално“, директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, др.Александар Петличковски.

На прашањето што доколку некој се соочи со здравствен проблем по првата примена доза,  дали  тоа лице ќе треба да го одложи примањето на втората доза и ако прима терапија, Петличковски напоменува дека втората доза од вакцината не би требало да се прими доколку лицесто има сериозен проблем, односно тешка алергиска реакција, состојба што бара лекарска интервенција и надзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.