Доколку детето нема симптоми на инфекција или болест, а со брис од нос и грло се пронајде бактерија, не треба да прима антибиотик, објаснува проф. д-р Никола Пановски, микробиолог од Институтот за микробиологија за „Деца.мк“.

Има само една ситуација, дополнува професорот, кога во ваков случај детето треба да прима антибиотик.

 Ако детето не е болно, не се дава антибиотик. Никако. Има само еден случај кога може да се препише. Тоа се прави ако се најде стрептококус пиогенес или бета хемолитичен стрептокок од групата А, а детето е склоно кон инфекции од него, или има други лица во околината склони кон инфекции. Но, оваа бактерија ретко се наоѓа кај деца до 3 години. Во ниту еден друг случај не се дава антибиотик, објаснува проф. Пановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.