Пикот на четвртиот ковид бран допрва доаѓа. Бројките на новодијагностицирани растат, вакцинацијата за прва доза речиси замре, ретко кој носи заштитни маски и затоа нè очекува тежок зимски период прогнозира епидемиологот Сашо Олумчев за „Сител“. Го плаши и сезоната на респираторни заболувања, како грипот, кога ќе има измешани симптоми кај болните што ќе предизвика проблеми и во клиничката слика, но и во дијагностиката и лекувањето.

Тешка зима ќе биде бидејќи мислам дека прерано се олабавивме. Но, имаме уште еден месец да се вратиме на колосек и да се однесуваме како што треба. Во спротивно, во јануари нè очекува тежок удар, тешка борба, вели eпидемиологот Олумчев.

Олумчев вели рестрикциите досега биле контрапродуктивни и очекува надлежните на друг начин да пристапат кон граѓаните.

Не сум за рестрикции тие не даваат ефект. Но мора да се пристапи кон граѓаните зошто се важни превентивните мерки, кој е ефектот од вакцините, вели Олумчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.