Повеќе од 160 различни кандидати за вакцина ширум светот се развиени досега, а неколку се влезени во напреднати фази на клинички испитувања (AstraZeneca, Moderna, Pfizer/BioNTech, CanSino, како и вакцината произведена во Русија, која е веќе одобрена за употреба). Доколку која било од овие вакцини биде достапна во текот на наредната година, тоа ќе претставува голем успех, бидејќи ќе значи дека, практично, за помалку од една и пол година е развиена вакцина за новата болест – во интервју за „Плусинфо“ вели проф. д-р Никола Лабачевски, директор на Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија во Скопје.

Со оглед на огромните материјални вложувања, додава проф. д-р Лабачевски, знаењето на експертските тимови коишто се вклучени во испитувањата, како и технологиите коишто им се на располагање на истражувачките тимови, тоа е сосема доволен период за завршување на сите претклинички и клинички фази во развојот на квалитетна вакцина против ковид-19. 

Д-р Лабачевски открива дали и што може да се случи доколку се прескокне или забрза некоја од фазите на клиничкото испитување на вакцината, како способноста за мутација на корона вирусот ќе влијае на честотата на вакцинирањето и може ли да ја „дезертира“ вакцината, како и за тоа која сѐ вакцина ќе се смета за безбедна, кои се мотивите на илјадници доброволци кои учествуваат во испитувањата.    

За тоа колку време е неопходно за развој на квалитетна и безбедна вакцина воопшто, проф. д-р Лабачевски одговара:

Неблагодарно е да се процени времето потребно за развој на квалитетна и безбедна вакцина против Ковид-19, бидејќи во изминатите неколку месеци сме сведоци на интензивна соработка помеѓу науката, фармацевтската индустрија и владите на повеќе држави, што досега се нема случено во изнаоѓање лек за која било друга болест. Сите вакцини имаат свои досиеја (фајлови). Бидејќи досега има многу непознати факти за коронавирусот, сѐ додека и главните фајлови за вакцините против овој вирус не станат јавно достапни и додека немаме пристап до нив и до испитувањата, не може да дадеме целосна и точна проценка за безбедноста и ефикасноста на вакцините.

Целото интервју на „Плусинфо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.