Д-р Нико Беќаровски, во изминатите месеци на својот профил на социјалните мрежи дава низа корисни информации за граѓаните. Тој пред неколку месеци укажа како може да се избегне коагулација (згрутчување) на кр-вта, со додавање на некои намирници во исхраната, но исто така, напомена и што треба да се избегнува.

Последниве денови кутија со Amp.Clexane или Tabl. Xarelto станаа вистинско богатство и реткост. Стравот од згрутчувањето на кр-вта, како најопас-на компликација од вирусов ги испразнија рафтовите во аптеките, но и болниците.

Да биде проблемот уште поголем слична е ситуацијата и во сите соседни држави. Затоа, ако нема со што да се лечи, мора на некој начин оваа појава да се спречи.

Еве неколку природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства и чиј зголемен внес во Вашата секојдневна исхрана, може да даде позитивен антикоагулантен ефект: куркума, ѓумбир, цимет, витамин Е, 150 мл црвено вино, лук, гинко билоба. Внес на 2 литри вода, правилно распределена во текот на денот, цитрусни овошја, непечени семки од сончоглед, туна.

Истовренено максимално узбегнувајте ги следниве прехрамбени производи, кои имаат прокоагулантно дејство: jајца, мајонез, пржено јагнешко и свинско месо, сувомеснати производи.

Сите мажи над 40 и жени над 45-50 години, ако немаат контраиндикации, или некое хематолошко заболување, би било препорачливо покрај правилната исхрана до крајот на пандемијата секојдневно да конзумираат 67,5-100 mg. ацетилсалицилна киселина“, советува докторот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.