Задолжителната вакцинација е драстична мерка, но е неопходна за заштита од Ковид-19 и новите соеви кои земаат сè поголем замав, вели за ДВ д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје.

Светот сега знае дека вакцинирањето е решение, без разлика на тоа која и да е варијанта во прашање, вели Мехмедовиќ,

Се чини дека скептицизмот во вакцините беше сериозно потценет и поради тоа „млаките“ кампањи за вакцинацијата не дадоа резултат. Задолжителната вакцинација е драстична мерка, би сакал колективниот имунитет да беше постигнат до сега на поинаков начин – преку едукација и подигање на свеста. Но, неопходно е сега да се премине на овој чекор, особено поради континуираната еволуција на вирусот и појавата на новите варијанти кои никогаш не се знае какви карактеристики ќе имаат, дециден е Мехмедовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.