Можеби престрогите мерки ја држеа под контрола инфекцијата на 20-30 дневно нови позитивни, со позитивни од 2.000 што е многу мал процент на колективен имунитет од 0,1 %. Ова мораше да се има во предвид, дека со престроги мерки ќе имаме многу неимунизирано население и дека во еден момент ќе мора да ги олабавиме мерките. Моментот кога ќе ги олабавиме/олабавивме мерките ќе имаме зголемување на позитивни, ако не сме го отсраниле изворот на зараза, односно ако имаме нула нови позитивни дневно. Вакво нешто тешко се постигнува со горнореспираторна инфекција како што е ковид-19, вели во интервју за „Локално“ професор, д-р Вело Марковски.

Тој смета дека на министерот Филипче треба да му се верува кога вели дека вирусот е под контрола. Но, општиот впечаток е дека се нема јасна концепција, бидејќи пребрзо се менуваат мерките и не се дава податок на болни и критични болни.

Кај нас сите позитивни се водат како заразени, но ако се двојат колку од нив се болни (со симптоми) и колку од нив се во критична состојба, ќе можеме да извлечеме заклучок дали епидемиолошката состојба со КОВИД-19 кај нас е под контрола. Од друга страна, во светот е вообичаено да во најголемиот процент не може со сигурност да се најде изворот на зараза, а кај нас дури во 90 % од случаите се знае кој од кого се зарази, вели д-р.Марковсски.

Деновиве имаме ново зголемување на бројот на заболени од Ковид 19 во земјава.

Се соочуваме со една појава на многу поголем број на позитивни со ковид-19 во овие денови отколку на почетокот на прогласување на пандемијата. Ова досега не е видено во ниедна држава во светот и навистина е тешко да се објасни. Не можеме да зборуваме за втор бран бидејќи првиот бран не е завршен, вели во интервју за „Локално“ д-р Марковски.

Целиот текст тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.