Казни ќе добијат сите, а докторите ќе горат на клада, пишува доктор Петар Марков од Штип, кој во својата анализа на „Фејсбук“ ја открива суровата реалност во која се наоѓа македонското здравство и пациентите.

Ви го пренесуваме во целост:

Според наративот кој го наметнува ПР-от на министерот за здравство по се изгледа сака да ни каже дека најверојатно казнени ќе бидат сите, а медицинските работници можно е да завршат и на клада!?

Од сите ликови кои пропарадираа на прес конференциите на министерот, ниту еден не спомена дека како можна причина за заболувањето на медицинските работници може да биде токму необезбедувањето со заштитна опрема.

Во денешниот извештај како главни причини за зараза на медицинскиот персонал беа наведени замислете „неносењето на заштитна опрема“ и „погрешното користење на заштитната опрема“ од страна на оние кои ја добиле, и тоа со акцент дека „секој кој не го почитува ова правило ќе биде соодветно казнет“. Замислете зборуваме за НЕКОМПЕТЕНТНОСТ и НЕСТРУЧНОСТ на медицинскиот персонал, тие кои 16 часовни дежурства поминуваа САМО со една хируршка маска!

Неколку факти:

-90 дена од дијагностицирањето на првиот случај во Македонија болниците низ државата сеуште не беа снабдени со лична заштитна опрема, некои сеуште не се;

-Најголем процент од здравствените установи беа снабдени преку донации од млади ентузијасти и граѓани кои почувствувале морална одговорност да помогнат – НЕ од министерството за здравство;

-Дел од опремата која се дава има 0% капацитет за заштита од коронавирусна инфекција (маски за повеќекратна употреба направени од текстилен материјал);

-Дури на 25.03.2020 година (повеќе од 5 недели по почетокот на кризата) министерот за здравство најави дека на 26.03.2020 година ќе започне онлајн тренинг на 30 медицински сестри и 30 лекари, додека на веб страната на СЗО таков тренинг беше достапен уште пред појавувањето на првиот случај во Македонија;

-Глумата дека се вложува напори во решавањето на кризата всушност претставува отварање само теми каде има можност за испумпување финансии од буџетот, додека мерките кои чинат „0“ денари или чинат многу малку остануваат непревземени (поставување тријажни станици пред здравствените установи, лична заштитна опрема на најекспонираниот персонал во амбулантите, лична заштитна опрема за матичните лекари и за стоматолозите;

-Оставено е на случајност и на неконтролирана еволуција на заразата што во основа претставува смртна пресуда за „случаен граѓанин“, како што и видовме во случаите каде првин луѓе умираат а потоа се дијагонстицираат;

Најверојатно се ќе биде сведено на тоа дека се виновни СИТЕ, освен Владата и министерот за здравство и тие се оние кои ќе ги казнуваат останатите;

Од контент анализа може да се заклучи дека пропагандата е структуирана во два правци:

-Седидома# има за цел да покаже како граѓаните не се спремни да се сносат со одговорноста и дека подоцна тие сами ќе бидат виновни за кризата. Особено ако дојде до компликации за потреба од настап на МВР;

-За сето тоа време, онлајн активистите на власта го туркаат наративот на социјалните мрежи со користење на вокабулар: небањати, глупи, сељаци, неморално и слично, што предизвикува сериозна поделба помеѓу граѓаните и се поизразена нетрпеливост;

-На националните телевизии секој ден гостуваат инструирани медицински професионалци (воглавно функционери во власта но за жал и професионални авторитети) кои имаат за цел да ја релативизираат одговорноста министерството;

Вториот проект е токму министерот за здравство:

-Вклучени се уметници и медиуми, колумнисти и активисти кои направија и прават се за да ја релативизираат одговорноста и скријат пропустите (од плескање раце, преку текстови со воспевање до стикери и рамки со министерот за здравство);

-За да се скријат тие пропусти се користат прајм тајм термините на сите национални ТВ пикови па дури и (!) познати пикови за интернет медиуми за да се обрати министерот а од анализа на содржината на тоа што го говори нема ништо направено за здравство и сеуште е на “очекуваме“, “ќе добиеме“, “ќе побараме“, “ќе донесеме“. Држи пресови за право, најавува кривични пријави, преку што психолошки гради страв и директно насочување на вина и меѓусебна недоверба на граѓаните и меѓу медицинскиот персонал.

-Во настапите Нема НИТУ ЕДЕН показ на спремност на системот.

-Тоа што на матичните лекари кои закажале термин за тестирање за корона вирус им се врти за да го откажат терминот е друга приказна и за тоа се потребни сериозни истраги;

Секоја наредна власт МОРА да почне од здравствениот систем како имун систем на Република Македонија. Само ако инвестираме во здравството и капацитетите веднаш – ќе биде полесно и општеството ќе се избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.