Националниот координатор за трансплатација Маја Мојсова, порача дека ова немало да биде успешно без семејството што го донираше органот.

Ова немаше да биде успешно доколку не постоеше семејството што со голема емоција ги даруваше органите. Сметам дека ова може само да ни даде уште поголема вера и надеж дека семејствата што ќе се соочат со загуба на близок ќе се одлучат за донирање на органите и сепак голем број пациенти ќе имаат шанса да продолжат со лекување со нов орган. Сакам да изразим сочувство на семејството и да кажам дека срцето на нивната драга чука и во суштина се уште живее, изјави Мојсова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.