На вчерашната прес-конференција одржана по повод првата трансплантација на срце во нашата земја на Клиниката за Државна Кардиохирургија, Националната Координаторка за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска изјави дека целиот овој процес немал да биде успешен доколку не постоело семејството кое со најголема емоција ги дарувале органите.

За мене, беше ова, многу инвентивен и веројатно нешто што долго време го спремаме. Не е случајно вака изведено. Сите овие тимови беа цело време контактирани, имавме многу состаноци во кои што ги синхронизиравме како лисите, така и критериумите, како и протоколите, но сепак требаше да се појави некој, кој што ќе сака да донира, рече д-р Мојсова-Мијовска.

Таа истакна дека е горда, што била дел од сето ова случување, во коешто тројца пациенти добија органи.

Трансплантација на срце, за првпат се случи во нашата земја и сметам дека може само да ни даде уште поголема воља и надеж дека семејствата кога ќе се соочат со загуба на својот близок, сепак ќе се одлучат да ги донираат органите и дека сепак голем број на пациенти ќе ја имаат својата шанса да го продолжат лекувањето со нов орган, со нова надеж, а тоа нас ни дава уште поголем ентузијазам, да работиме уште попосветено на оваа проблематика. Сакам уште еднаш да изразам сочуство на семејството, но и да им кажам дека срцето на нивната драга чука и дека во суштина се уште живее“, потенцираше д-р Мојсова-Мијовска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.