Србија доволно ни помогна со вакцините, но сега е вистински момент Македонија сама да се избори и да не зависи од други држави, смета д-р Горан Кунгуловски, кој за „Алфа“ вели дека започнувањето со производство на „Спутник” во Србија е големо достигнување, но и голем бенефит за земјите од регионот.

Јас би сакал и во Македонија да се отворат такви капацитети. Верувам дека во Македонија има луѓе кои студирале и работеле во странство и имаат експретиза за ова да се направи и во Македонија. Така да, се помалку и помалку да стануваме зависни од другите. Јас сакам тоа локално произвдоство да го направиме полокално и да биде директно во Македонија. Бидејќи верувам доколку ги побараме ќе ги најдеме вистинските луѓе за тоа, вели д-р Горан Кунгуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.