Д-р Кирил Пецаков на својот фејсбук профил реагираше на исплатата на сретства за СЈО додека во ек на пандемија на корона од која е зафатена и нашата земја, докторите немаат заштитна опрема.

Во последната недела во Македонија, од страна на владата и дел од локалните самоуправи се носат чудни одлуки кои немаат никаква врска со актуелната ситуација во светот и кај нас , а тоа е корона вирусот.
Како тоа е приоритетно да се обезбеди и финансиски поткрепи веќе со докази КОРУМПИРАНОТО СЈО наместо да се набават тестови, реагенси, респиратори и други средства потребни во борбата против коронавирусот?
Како тоа е приоритетно да се трошат милионски суми како на државно ниво така и на локално ниво( и како локална самоуправа и како јавни претпријатија) за привремени вработувања преку агенција,наместо истите средства да се насочат и на локално и на државно ниво во бробата против коронавирусот?
И НАЈБИТНОТО можеби ,како може да не е приоритет заштитата на здравствените лица во самиот здравствен систем?Благодарение на ентузијасти и хумани луѓе некако и стигнува дел од потребната заштита, ама сепак ПРИОРИТЕТ на оваа Валада во овие моменти е токму непродуктивното трошење на вработувања и СЈО! Срам да ви е!
Бројката на дневно изведени тестотви во споредба со сите останати држави и од регионот и од светот посебно ме мотивира и заинтересира за неколку легитимни работи кои мене не ми се јасни, знајќи ја и препораката на СЗО -ТЕСТИРАЈ, ТЕСТИРАЈ, ТЕСТИРАЈ!!
Е сега ако според Филипче е лажна вест дека нема реагенси(китови) за обработка на земените брисеви, тогаш имам неколку легитимно нејасни работи:

1.Зошто за резултат од земен брис се чека и по 4-5 дена од како е земен,иако искуствено знаеме дека постапката за добивање резултати е неколку часа, всушност од почетокот на пандемијата во Макеоднија и така ги соопштувавте резултатите , буквално за неколку часа?
2.Зошто е намален бројот на тестови на дневно ниво, спротивно од препораките на СЗО и колку земени брисеви чекаат да бидат обработени? Еве од пациенти од Охрид , веќе 5 дена се чекаат резултати?
3.Колкав ни е реалниот 24 часовен капацитет на лабараторијата во ИЈЗ?( и кои се причините што не го користиме целиот нејзин капацитет, знаејќи дека резултатите од брисевите како и бројката на самите тестови придонесува за опфаќање на поголем број на луѓе и побрзо затварање на кругот на лица со коронавирус и лица кои биле во контакт со такви лица?!?
4.Ме интересира исто дали денес очекуваат да добиеме како држава реагенс(китови) за 5000 тестови?? И ако да,како сме ги обезбедиле, не заради друго, туку заради потеклото, исправноста и веродостојност на резултатите и секако на крај одобрение од биро за лекови или телото кое истити ги проверува… и сето ова е битно , заради што Вие Министре ги негиравте тестовите за антитела од приватните болници и ги прогласивте за неверодостојни, а знаете дека тестовите кои ги изведуваме ние како држава преку земање на брис и тестовите преку крв и присуството на антитела во организмот само можат да се надополнуваат едни со други , се со цел поточно добивање на резултати од реалната бројка на заболени, а секако и да се опфати што е можно поголем број на население кое било во контакт со лице со коронавирус или има некакви симптоми..??
5.Врз основа на ова погоре дали без овие нови тестови кои се очекуваат во ИЈЗ во моментов има реагенси(китови) за околу 250 тестови?
6. И на сам крај колку дена може да се чуваат веќе земените брисеви од граѓаните во лабараториски услови и секако какво ќе биде влијаниете врз резултатот на истите?

Министер, за смиреност на прес и редовно појавување и водење на статистика,може и портпаролот да ја врши истата функција, ама за превземање на мерки поврзани со борбата со коранвирусот, треба многу повеќе од тоа , треба знаење , визија, мудрост и решителност!!!( Длабоко се извинувам министер за погоре кажаната забелешка со портпаролот,не размислив дека ако не држевте вие статистички прес конференции после немаше ВИБЕР СТИКЕРИ да ви направат СЛУШАЈ ГО ВЕНКО)
Истото се однесува и на мерките за реалниот сектор, занаетчиството и бизнисите(хотелиери, угостители и фабрики) кои се најмногу погодени од пандемијата, а кои веќе подолг период не работат или работат со намален капацитет и истите имаат вработени, кирии и давачки према државата.. ама и за тоа да се реши треба знаење и визија!!
Одложување на кредити , одобрување на кредити за плата, за кои треба да работиш за да ги враќаш и позајмица на финасиски средства и враќање на истите до одреден рок , се далеку од реална помош, посебно ако ги споредиме со мерките на сите држави во регионот и во светот.
Ама за оваа тема со бизнис заедницата и луѓето вработени во реалниот сектор во некоја друга прилика!!

P.s. Во прилог во коментари, слики од здравтвените институции како се обраќаат и бараат помош за заштитна опрема…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.