Познатата и искусна докторка виролог Ана Глигиќ од соседна Србија смета дека третата доза на вакцина против корона вирус е наменета за лицата со хронични болести и слаб имунитет, бидејќи кај нив имунитетот е зафатен со „борба“ против основната болест, па така не ги препознава во доволна мера првите две дози.

-Нема потреба останатите да се вакцинираат по трет пат. Без оглед која и вакцина да ја примиле, но затоа оние невакцинираните треба да примат барем една доза. Тие што прележале нема потреба да се вакцинираат, вели Д-р Глигиќ која смета дека природниот имунитет по прележување е посилен од вакциналниот.

Се што знаеме е дека третата доза треба да биде од истиот производител како преходните две, но и јас во семејството имам „различни ставови“. Моите синови се одлучија за микс од вакцини, пред се поради практични причини, бидејќи не во сите земји ги признаваат кинеските и руските вакцини, вели таа.

Во изјава за медиумите таа рече дека прележала корона по примената втора доза вакцина, па затоа нема да се вакцинира со трета доза.

Доколку би се вакцинирала тоа би било со вакцината која ќе биде направена од новите соеви на вирусот кои циркуираат, а не од оние од март минатата година кои веќе ги нема, потенцираше докторката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.