Училиштата и градинките не треба да се отворат во септември, бидејќи децата се најголемите преносители на вирусот, вели за Канал 5, епидемиологот Драган Данаиловски.

Се плашам што ќе биде со школската година кога ќе почне, со оглед на гласините кои се шират, дека училиштата ќе се отворат. Не знам како тоа ќе изгледа, децата да носат маски 4-5 часа, тоа е малку илузорно. Се плашам дека тоа нема да успее“, вели Данаиловски.

Професорот Даниловски кажа и уште еден податок, кој сите ние треба да го имаме во предвид и особено кога треба да одлучиме дали на нашите деца ќе им дадеме комплетна „слобода“ за социјална дружба со нивните врсници:

Две студии се деновиве објавени, односно не се ни објавени, туку се дадени во ракопис, а кои велат дека 10 до 100 пати повеќе вируси во носните патишта имаат децата до 5 години. Така вели студијата од Чикаго. Една друга студија од Северна Италија вели дека децата под 14 години имаат два пати поголем ризик да заразат некого, отколку оние кои се постари од 14 години“ вели професорот Данаиловски кој според него, се доволни аргументи школите во нашата држава да останат затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.