Професорот на Медицинскиот факултет доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“ објаснува дека „мозочната магла“ што сѐ поголем број пациенти со прележан Ковид-19 пријавуваат дека ја чувствуваат, е невролошки симптом што може да трае и повеќе месеци по поминувањето на болеста.

Симптомите на „мозочна магла“ се проблеми со меморијата, недостиг на ментална јасност, слаба концентрација, чувство на отсутност, главоболки и конфузија.

 

Многубројни студии откриле дека некои луѓе што имале Ковид-19 развиваат компликации како што се изменета свест или енцефалопатија. Воспалението во мозокот ја попречува можноста на невроните да комуницираат едни со други.

 

Ова може да биде еден од факторите што придонесува за појава на „мозочна магла“ – вели д-р Даниловски за „Слободен печат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.