Омикрон е почеток на крајот на пандемијата – вели за Канал 5 епидемиологот Драган Даниловски.

-Изолацијата повеќе не е потребна за никој освен за здравствените работници до 5 дена.Слободно сите да работат оние кои се без симптоми или со лесна слика, додека пак оние кои имаат поизразени симптоми да си одат на домашно лекување. Зарем можеме да прифатиме пола држава да ни оди во изолација?Сметам дека и маските во затворен простор треба да се симнат исто така и од учениците. Воедно сертификатите е нешто што е без смисла во овој амбиент во кој вирусот не почитува вакцини и го заобиколува имунитетот. Тогаш кого штитиме со сертификатите? Само на овој начин би дошле до колективен имунитет, но оваа стратегија баш не е безопасна во вој период би требало повозрасните да се притајат,а помладите да се изложат, смета Даниловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.