Сите заедно да помогнеме октомври да е месец на насмеани лица, на ученици во училишните клупи, студенти во студентските домови, вели во својот фејсук статус докторот од Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски.

– Бројките на новозаболени од Sars-Cov-2, низ цела Европа, зачудувачки и стрмоглаво паѓаат. Тоа е прекрасна вест, која умните влади и организирани држави ќе ја искористат за брза и масовна имунизација на своите жители, со што ќе го зададат решавачкиот удар на пандемијата.

Сите други наесен повторно ќе станат ендемски жаришта, каде ќе има малку смеа, а премногу солзи.

Ајде сите заедно да помогнеме октомври да е месец на насмеани лица, на ученици во училишните клупи, студенти во студентските домови, отворени театри, кина во цела Македонија, напиша д-р Беќаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.