Црвениот кромид има голем број предности за организмот, а повеќето лековити својства се препишуваат на неговите антиоксиданти и сулфурни соединенија.

Кромидот ги спречува воспалителните процеси, го намалува ширењето на вирусите, делува антибактериски и антигабично, го штити здравјето на срцето и крвните садови…

Сепак, некои луѓе не би требало да го консумираат, односно треба да внимаваат кога и колку го внесуваат во организмот.

Црвениот кромид не се препорачува за луѓето со:

– Болести на црниот дроб и бубрезите;

– Историја на колитис;

– Проблеми со дигестивниот тракт, особено со зголемена киселост на желудник, гастритис, гастродуоденитис, чир, панкреатитис, надуеност;

– Алергиски реакции;

– Индивидуална нетолеранција;

– Синдром на иритабилно црево;

Со претпазливост треба да го консумираат астматичарите и луѓето со висок крвен притисок, а не е препорачливо да го јадат трудниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.