Турција регистрира над 54.740 нови случаи на корона вирус за еден ден, што најголемо ниво на дод почетокот на пандемијата. Турското министерство за здравство соопшти и за 276 смртни случаи за еден ден.

Земјата со 84 милиони жители се бори да спречи зголемување на инфекциите, откако во март беа олабавени рестриктивните мерки.

Најавени се построги мерки, како што е полициски час за време на викенд, во деловите со голем број новозаразени, вклучително Истанбул и главниот град Анкара.

Турското здружение на лекари (ТТБ) ја обвини администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердога за зголемениот број нови случаи. Ердоган доби критики, меѓу другото, за одржување на масовни митинзи во затворени сали и покрај брзото ширење на вирусот. Претседателката на ТТБ Себинем Корур Финчанчи минатата недела предупреди дека болниците се преполни.

Вкупниот број на случаи надмина 3,6 милиони од минатиот март, додека бројот на починати е скоро 33.000.

Националната кампања за вакцинација со употреба на „Синовак“ почна на 14 јануари. Оттогаш се администрирани повеќе од 18 милиони дози од вакцината против Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.