Во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип хоспитализирани се четворица пациенти заразени со коронавирус.

Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека пациентите се во добра здравствена состојба, еден од нив веќе го има првиот негативен тест, а по 48 часа се очекува да се направи и вториот тест.

-Доколку се добие и вториот негативен тест и тој ќе влезе во бројката на излекувани пациенти. Пациентите кои се на Инфективното одделение се во добра здравствена состојба. Двајца пациенти се од Пехчево и двајца се од Кочани, вели Ѓеорѓијев.

Тој посочи дека инфектолозите постојано следат и четиричлено семејство од Штип, кои се на домашно лекување.

-Сите се во добра здравствена состојба и тоа се пациенти, кои секојдневно ги контактираме, вели Ѓеорѓијев.

Во штипскиот регион регистрирани се 34 случаи, од кои двајца се починати. Над 80 отсто од случаите се веќе влезени во бројката на излекувани, меѓу кои и здравствените работници, кои веќе се на своите работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.