Тетовскиот регион бележи девет нови случаи со Ковид-19, од кои шест во општина Тетово и три во општина Желино, информираа денеска од Центарот за јавно здравје – Тетово. Во изминатите неколку денови е евидентиран и прв случај на бебе заразено со корона вирусот. Општина Желино имаше малку случаи, но најновите резултати покажаа нов кластер, три нови случаеви кои заразени поради контакт со веќе болни лица.

Сите се изолирани и нивните контакти побарани и испитани, а резултатите ќе се знаат во наредните денови,“ истакна Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центарот за јавно здравје Тетово.

Според Скендери новите случаи не претставуваат нови жаришта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.