Министерот Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ рече дека годинава имало драстичен пораст на заболени од сезонски грип, во споредба со минатите години. Најави дека можно е тие материјали дополнително да се тестираат за да испита дали имало присуство на корона вирус меѓу тие случаи.

Ги анализиравме бројките на сезонски грип, во просек се 20 000, оваа година се 37 000, скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите се анализирале во присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип и тие може дополнително да се тестираат да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од корона вирусот. Сепак, во оваа фаза во фокусот ни се новозаболените од корона вирус, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.