Борделот „Fun Palast“ во Виена обезбедува вакцинација против ковид-19 и дава ваучери за бесплатна посета на оние кои ќе ја искористат понудата.

„Fun Palast“ се надева дека ќе ја зголеми стапката на вакцинација, како и бројот на клиенти што е намален поради пандемијата.

Во замена за вакцинацијата, посетителите добиваат бесплатна сесија од 30 минути во „сауна клубот“ со „дама по свој избор“.

Нивото на примена вакцинација во Австрија е меѓу најлошите во западна Европа што доведе до тоа Владата да воведе построги ограничувања.

Околу 65 отсто од населението во Австрија е во целост вакцинирано против ковид-19, а оние кои не примиле вакцина сега им е забрането посетување кафулиња, ресторани и фризерски салони и др.

Борделот се надева дека ќе добие некои нови клиенти со оваа понуда.

Имаме пад на прометот за 50 отсто. Се надеваме дека ова барем малку ќе го зголеми. Ова го организираше еден мој познаник. Реков зошто да не? И онака сакав да се вакцинирам поради правилото 2G. Ова е совршено, рекол Герхард од борделот.

За ова зборувал и сопственикот на борделот Питер Ласкарис.

Видов дека ни требаат 70 до 75 отсто за имунитет на стадо. Многу луѓе кои дојдоа во Австрија од други земји ја одбиваат вакцината или не знаат за што се вакцинирани. Бидејќи овие луѓе се нашата целна група и клиенти, ние одлучи да поставиме контролен пункт за вакцинација, изјавил тој за Ројтерс.

„Мислам дека ова е многу добра идеја бидејќи името на нашето место е „Fun Palast“, што сугерира дека луѓето ќе се забавуваат овде и ќе се вратат барем малку во нормала“, додала вработената Мина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.