Повеќе од три недели не работи оперативниот дел на хируршкото одделение во струшката болница поради дефект на опремата за анестезија односно гасната станица. Поради ваквата состојба, невозможно е да се изведуваат хируршки интервенции. Итните случаи се праќаат во болницата во Охрид. Бил повикан овластениот сервисер, но сега се чека на набавка на неопходниот резервен дел за кој не се знае кога би пристигнал, објави Алсат.

Од тука идат гасовите за анестезија во процесот на операција и ако тие редуцири не функционираат, никој од нас анестезиолозите, а сигурно и хирурзите не сака животот на пациентот да го става во опасност поради проблем со опремата. Ние работиме во стара болница, работиме со стара опрема. Пред 7-8 години беше една јапонска делегација која се сликаше покрај нашите апарати. Немаа видео такви апарати со кои ние работиме“, рече Ацо Велјаноски- раководител на одделение за анестезија.

На пациентите чиишто зафати можат да причекаат, од струшката болница им даваат две опции – или да одат на операција во Охрид или да чекаат дефектот да се санира.

Што се однесува до дефектот во нашата хируршка болница, има повеќе од 100 пациенти кои чекаат да се третираат хируршки во нашето одделение. Само кај мене има триесеттина пациенти кои се закажани за операција“, изјави Берат Лена- хирург во општа болница Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.