Богдан Илиевски ѝ напиша последна порака на својата братучетка Јана Арсовска, охриѓанката која денеска ја загуби својата борба со ракот

Јаничке, сестричке…

 

Не успеавме да те дочуваме, тука меѓу нас.
Сега, ти чувај не нас, таму меѓу Ангелите.
Додека се сретнеме пак…

Срцето на 33-годишната Јана срце не ги издржа чекањето и долгите бирократски процедури за уште едно лекување во странство.

Јана пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.

Инаку спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за лекување на Јана се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување скандалозно и нечовечки се спротистави на оваа одлука и реши да поднесе жалба.

Јана веќе петта година се бореше со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе. После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување.

Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана. Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаеја премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата одеше со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.