Со досегашното темпо на имунизација, на Македонија ќе ѝ бидат потребни над 10 години за да го победи коронавирусот, е заклучокот од истражувањето на „Блумберг“, кое го пренесува српскиот весник „Курир“.
Проценката е направена врз основа на само 0,3 проценти вакцинирано население до 6 април, односно 14.000 аплицирани дози.
Србија е неприкосновен лидер по вакцинација за Ковид-19 во регионот, но и во самиот европски и светски врв, па за неа се проценува дека ќе ја победи болеста за пет месеци.
Словенија тоа ќе го стори за 10 месеци, Грција за 13, Романија и Црна Гора за 15, Хрватска за 16 итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.