Денес во Клиничката болница во Битола беше промовирана новата Спект гама камера наменета за испитување на функцијата на бубрезите, тироидната жлезда, венска циркулација и на малигните заболувања, па пациентите веќе нема за вакви испитувања нема да патуваат во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Клиничката болница во Битола каде што во рамки на проектот „ Меѓународна агенција за атомска енергија од Виена“, беше дониран новиот апарат. На овој апарат се нуди дополнителен квалитет на здравствената услуга, додека пациентите кои имаат потреба од овие испитувања ќе имаат можност да ја користат експертизата на лекарите кои работат во оваа болница.

Битолската болница може да се пофали и со висок опфат на вакциниран персонал помеѓу 75% и 80% , што е одличен знак дека персоналот во оваа болница е добро заштитен.

Министерот Филипче додаде дека преку проект со кој аплицирале до ИПА фондовите ќе се набават потребните делови за акцелераторот и од почетокот на следната година пациентите од цел овој регион за зрачна терапија нема да патуваат во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.